Удоги даде екстра-брз гол во 25-та секунда, Удинезе и Саусоло приредија гол-шоу само во првото полувреме (Видео)

Дестини Удоги постигна супер-брз гол за Удинезе во 25-та секунда од мечот против Саусоло, а двете екипи приредија гол-шоу, но само во првото полувреме што заврши 2:2, што е и конечен резултат.

Удоги најави ефикасен меч со убав гол по 25 секунди игра за предност на Удинезе од 1:0.

Тоа е втор најбрз гол за Удинезе во оваа декада, по тој на Переира против Аталанта во 24-та секунда постигнат во јануари пред две години.

Во шесттата минута израмни Енрике за Сасуоло, а Бијол пак му донесе предност на Удинезе во 28. минута.

Со автогол за 2:2 во 45. минута се погрижи Перес. За домаќините Илија Несторовски беше на клупата за резерви, но не влезе во игра.

 

- Оглас -

Најнови вести