УЕФА ги исфрли местачите од Белгија: Мехелен нема да игра во Лигата на Европа

Европската фудбалска федерација нема милост. Поради местење натпревари, белгискиот Мехелен е исфрлен од Лигата на Европа. Мехелен се жалеше, но жалбата беше отфрлена, па само се потврди дека освојувачот на Купот на Белгија сезонава нема да игра во Европа.

Мехелен е фатен како мести натпревари во домашното првенство во сезоната 2017/18. Од ова исфрлување на Мехелен ќе профитираат други три клубови од Белгија. На местото на Мехелен, директно во групната фаза од ЛЕ ќе игра Стандард Лиеж, додека Антверпен ќе игра во квалификациите. Најмногу доби Гент, кој воопшто не се избори за излез во Европа, но сепак ќе игра во квалификациите од ЛЕ, и тоа против Виторул Констанца од Романија.

 

- Оглас -

Најнови вести