УЕФА ги притисна Англичаните – Мора да се најдат хулиганите што дивееа на „Вембли“

Претставниците на англиската фудбалска асоцијација најавија темелна истрага за да се најдат виновниците за инцидентите пред почетокот на финалето на Европското првенство меѓу Италија и Англија, што се одигра на „Вембли“.

Ова доаѓа по заканата на УЕФА дека мора да се казнат хулиганите што дивееја пред стадионот, но и внатре и се обидоа да влезат без билети, притоа предизвикувајќи масовни тепачки.

УЕФА поведе истрага против ФА, која беше организатор на финалето со гаранција дека сè ќе мине во најдобар ред. Англиската фудбалска федерација веќе е казнета со 30 илјади евра поради однесувањето на навивачите во полуфиналето против Данска, а сега има нови четири постапки и за финалето што го доби Италија на пенали.

Поведена е постапка за масовните инциденти пред „Вембли“ и на самиот стадион со дивеењето на хулиганите, но и за исвиркувањето на италијанската химна, потоа и за пробивање на безбедносниот кордон на навивач кој влета на теренот за време на финалето и за фрлање на предмети на теренот.

Интересно е што и покрај сериозните инциденти УЕФА одлучи да ги награди Англичаните со финале во Лигата на шампионите, што ќе се игра токму на „Вембли“ во 2024 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести