УЕФА ја казни и Белорусија, дома не може и со публика не смее

УЕФА испорача санкции и за Белоруската фудбалска репрезентација и клубовите, а тие е сепак се поблаги во однос на Русите, кои се исфрлени од сите натпреварувања поради воената инвазија на Русија на Украина.

Белорусија отворено застана на страна на Русите во воениот конфликт, па УЕФА одлучи да ги казни со неиграње на натпревари на нивна почва.

Одлуката стапува веднаш на сила и тоа значи дека белоруската репрезентација и клубовите ќе можат да играат во натпреварувања што се под капата на УЕФА, но ќе играат надвор од Белорусија, односно на домашен терен.

На сите натпревари нема да може да присуствува публика во случај кога тие ќе бидат домаќини на неутрален терен.

 

- Оглас -

Најнови вести