УЕФА ги казни Албанија и Хрватска поради однесувањето на нивните навивачи

Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Фудбалскиот сојузи на Хрватска и на Албанија поради непримерното однесување на нивните фанови во средбите од првото коло на ЕП. Хрватите ќе треба да платат 63.875 евра поради фрлање пластични шишиња на теренот, а дополнителни 24.000 евра имаат поради палење факели. Тоа значи дека хрватската федерација ќе плати вкупно 87.875 евра поради испадите на нивните навивачи за време на дуелот против Шпанија кој го загубија убедливо со 3:0.

Албанија загуби од Италија со 2:1, а фановите направија неколку инциденти, како што е фрлање предмети на теренот, палење факли и прекин на мечот со втрчување на еден фан на теренот.

За палење огномет добија парична казна од 10.000 евра, 12.375 евра за фрлање предмети на теренот, 5.000 евра поради упадот на навивач на теренот, како и 10.000 евра поради испраќање на нескладни пораки за еден фудбалски натпревар. Вкупната казна која треба да ја плати Фудбалскиот сојуз на Албанија е 37.375 евра.

- Оглас -

Најнови вести