УЕФА ќе им плати чартер-летови и на македонските клубови?

Неколку клубови кои ќе играат во квалификациите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа се пофалија дека УЕФА ги информирала дека ќе им плати чартер-лет за гостувањата. Ако се остварат најавите дека УЕФА ќе има плати на сите, тоа ќе биде од огромна полза и за македонските клубови кои треба да патуваат до Азербејџан и Ерменија, земји со кои авионските врски не се најидеални.

Дека работата е сериозна, објавено е дека УЕФА за секој чартер ќе плати по 40.000 евра. Останува да се види дали екипите на Шкендија и Шкупи кои ќе треба да патуваат до Азербејџан, ќе заминат заедно или со посебни авиони. Ренова гостува во Ерменија, а Силекс исто така во Азербејџан, но ќе игра девет дена порано од Шкендија и Шкупи.

Идејата на УЕФА е да се избегнат преместувањата од еден во друг авион и чекање по аеродроми, со што се загрозува безбедноста на играчите и се зголекува ризикот некој да се зарази. Најголем дел од мечевите од квалификациите се играат во источниот дел од европскиот континент, во земји во кои корона-вирусот е силно распространет.

- Оглас -

Најнови вести