Невиден циркус – УЕФА конечно се разбуди и го најде вистинското место во ждрепката за Македонија Ѓорче Петров

УЕФА конечно се разбуди и најде место за Македонија Ѓорче Петров за денешната ждрепка за третото квалификациско коло за Конференциската лига, закажана за 14 часот во Нион, Швајцарија.

Можни ривали на Лавовите од Ѓорче Петров ќе бидат екипите на Погон, или Брондби, Данди јунајтед, Сент Патрик, или Мура и СЈК, или Лилестром.

Претходно УЕФА комплет ги заборави и Македонија Ѓ.П. и ЦСКА Софија, па воопшто и не ги објави како можни учесници во третото квалификациско коло, туку место нив го вметна парот Левски – ПАОК.

Тоа беше скратениот список од петтата група, па УЕФА мораше комплет да го корегира циркусот што сама си го приреди, па конечно објави дека победникот од двомечот меѓу Македонија Ѓ.П и ЦСКА Софија ќе има можни ривали од третата група.

 

Секако најлесен ривал би бил Сент Патрик од Република Ирска, ако нашиот тим ја елиминира ЦСКА Софија во двомечот на 21. јули во Скопје и потоа за една седмица во Софија.

За Шкендија ако успее да го елиминира лидерот во летонското првенство, Валмеира, можни ривали би биле подобрите екипи од двомечите меѓу Спартак Трнава и Њутаун, потоа меѓу Брејдаблик и Будуќност, Мадервел и Слиго роверс и АИК и Ворскла Полтава.

 

Натпреварите од третото квалификациско коло ќе се играат на 4. и на 11. август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести