УЕФА ги заборави ѓорчепетровци, а утре е ждрепката за третото коло во Конференциската лига

Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија најверојатно денеска ќе знаат дали првиот меч в четврток ќе се игра во Скопје или Струмица, а утре во Нион ќе се влече ждрепка за третото коло од Конференциската лига, што значи дека ќе се знае наредниот ривал на Лавовите, ако ги минат софиските Червени.

Но, на сајтот на УЕФА, ги имаат заборавено Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА. На нивно место се сместени Левски и ПАОК.

Грешката мора да биде исправена, по што ќе биде дефинитивно јасно дека можни ривали на ѓорчепетровци ќе бидат Лугано од Швајцарија, или победниците од двобоите Кајрат (Казахстан) – Кишварда (Унгарија), Арис Лимасол (Кипар) – Нефтчи Баку (Азербејџан), Вележ (Босна и Херцеговина) – Хамрун Спартанс (Малта) и Расинг Унион Луксембург (Луксембург) – Чукарички (Србија).

Кај Шкендија, ситуацијата е чиста. Ако тетовци ја минат летонска Валмиера, во следното коло ќе играат со некој од победниците од следните четири парови: Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс), Бреидаблик (Исланд) – Будуќност (Црна Гора), Мадервил (Шкотска) – Слиго роверс (Ирска) и АИК (Шведска) – Ворскла (Украина). 

- Оглас -

Најнови вести