УЕФА ни најавува нов карантин – Овој е сладок и нуди 17 шампионски дуели за 22 дена

Александер Чеферин објави дека август ќе биде резервиран за натпревари од Европа Лигата и од Лигата на шампионите, а карантинот што ни го подготвува УЕФА овојпат е сладок и ќе ни понуди ТВ преноси на 17 меча во период од 22 дена во Лигата на шампионите.

Почнуваме со реванш мечевите од осминафиналето меѓу Јувентус и Лион, Манчестер сити со Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн против Челзи кои ќе се играат на 7. и на 8. август.

Четвртфиналињата ќе се играат по забрзана постапка од 11. до 15. август, а само три дена подоцна почнуваат и полуфиналните пресметки, а ќе се играат до 22. август.

Финалето е закажано за 29. август во Истанбул, а веќе се знае дека сите мечеви ќе се играат без присуство на публика.

Во Европа Лигата ќе се почне и порано, а за 2. и 3. август е предвидено да се доиграат реванш мечевите меѓу Севилја и Рома, односно Интер и Хетафе.

Од 10. до 13. август ќе се играат четвртфиналињата, аза полуфиналето се резервирани датумите од 17. до 20. август. Мечот за титулата би се играл на 27. август во Гданск.

- Оглас -

Најнови вести