УЕФА од утре воведува олеснување за голманите при пеналите

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, воведува нови правила со кое се верува дека на голманите ќе им биде малку полесно при бранењето на пенали. Веќе од утре, со мечевите во Лига Европа, на сила стапуваа новите правила, потврди првиот човек на судиската комисија во УЕФА. Роберто Росети.

Генерално, правилата не се менуваат многу, а главна новина е дека на голманот нема да му се даде жолт картон ако направи престап при бранење пенал, а притоа топката го утне голот и заврши во стативата или пречката без голманот да ја допре. Ако голманот во голема мерка мерка има влијание врз утката на изведувачот, тогаш ќе си добие картон.

Од сега, голманите за прв престап ќе добијат само усна опомена, а жолт картон ќе им се покаже само ако и по втор пат го направат истото. Сезонава се случуваше голмани да одбранат пенал, но веднаш да добијат картон затоа што со едната нога не ја газеле гол-линијата и потоа пеналот се повторуваше.

Во иднина и изведувачот на пеналот може да биде казнет, но ако и тој и голманот ги прекршат правилата истовремено.

Жолти картони нема да се  даваат ако престапот се случи во пенал серија на некој елиминациски меч, бидејќи „пенал рулетот“ не се смета за дел од натпреварот, туку само како начин да се одреди победник на еден натпревар. Досега голман можеше да добие црвен картон ако од текот на средбата од 120 минути веќе има жолт, а направи и престап при пенал серијата.

- Оглас -

Најнови вести