УЕФА потврди: „Енфилд“ не ги исполнува стандардите за ЕП 2028, и „Олд Трафорд“ е спорен!

УЕФА потврди дека Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Велика Британија и Република Ирска, на десет стадиони, од кои два треба да бидат легендарните „Олд Трафорд” во Манчестер и „Енфилд” во Ливерпул, но не се знае дали таму ќе се игра.

Проблемот за играње на „Олд Трафорд” е во раководството на Манчестер јунајтед, кое не сака домаќинство на ЕП, а кај „Енфилд” причината за можното откажување е сосема различна.

Димензиите на теренот на стадионот во Ливерпул не одговараат на стандардите за меч од ЕП. Теренот не може да биде со помал размер од 105 х 68 метри, а теренот на „Енфилд“ е е четири метри пократок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести