УЕФА „се продаде“ за 2,4 милијарди, најважниот меч во Европа ќе се игра во Абу Даби

Европската фудбалска федерација (УЕФА) потпиша договор за соработка со Владата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вредна 2,4 милијарди евра и според кој, најмалку еден финален меч од Лигата на шампионите до 2030 година ќе се игра во Абу Даби.

Овој договор веднаш наиде на осуда кај јавноста и фудбалските фанови, кои сметаат дека УЕФА се продаде на Арапите, а Европската куќа на фудбалот се правда дека договорот е еден вид борба против европската Суперлига, против Саудијците, кои направија бум на трансфер-пазарот, и против ФИФА.

Според шпанскиот весник „Дијарио“, преговорите траеле неколку месеци, а на крајот договорот го аминувале претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и премиерот на ОАЕ, Рашид ал Мактум.

Наскоро се очекува да биде потпишан договор и за ТВ-прават, кој ќе важи до 2030 година и во тој договор е предвидено најважниот меч во европскиот клупски фудбал, финалето во Лигата на шампионите, барем еднаш да се игра во главниот град на оваа земја, Абу Даби. Овој град би бил редовен домаќин и на европскиот Суперкуп.

Договорот меѓу УЕФА и владата на ОАЕ треба да биде официјализиран на 8 февруари идната година, на седницата на Извршниот одбор на УЕФА.

Весникот пишува дека овој договор е очајнички потег на УЕФА бидејќи би можела да го изгуби спорот пред против иницијаторите на Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, пред Европскиот суд на правдата.

Според шпекулациите кои доаѓаат од Шпанија, во Суперлигата би учествувале и четирите најголеми саудиски тима, а тоа натпреварување би ја имало поддршката од ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести