УЕФА си дреме – Нема ниту еден ред на официјалниот сајт за брилијантната изведба на Тричковски

Иван Тричковски е јунакот на реванш мечевите во четвртфиналното квалификациско коло за настап во Европа Лигата, а УЕФА под чија капа е ова натпреварување со ниту еден обичен пишан збор, или ред не го спомна уникатниот подвиг сезонава на македонскиот репрезнтзтивец.

Тричковски ги постигна сите четири гола за АЕК Ларнака во Софија против Левски, што е редок подвиг во европските натпреварувања. Одигра симултанка против бугарскиот гигант и доби многу комплименти од сите страни, но не и од УЕФА.

На официјалната страница на Европската куќа на фудбалот нема ништо за покерот голови на македонскиот репрезентативец, а истото е и на Твитер налогот на УЕФА. Има „тазе“ видеа од ретро голови во некои минати времиња во Европа Лигата, трансфери на играчи, но не и за подвигот на Тричковски.

Ќе видиме дали УЕФА ќе се разбуди и дали на Тричковски ќе му го додели тоа што апсолутно го заслужи, епитет играч на колото во квалификациската рунда во Европа Лигата.

- Оглас -

Најнови вести