УЕФА си поигра со Гимареш – Ќе мора со трчање до стадион за мечевите во Европа Лигата

УЕФА си поигра со Виторија Гимареш и му одреди чудни термини на португалскиот претставник да ги игра сите три домашни мечеви од Ф групата во Европа Лигата во среда во 16.50 часот.

Терминот е лош за симпатизерите на Гимареш, бидејќи голем дел од нив имаат работно време до 17 часот, па тешко ќе стасаат навреме до „Алфонсо Енрикес“ стадионот за да ги гледаат дуелите против Ајнтрахт Франкфурт, Арсенал и Стандард Лиеж.

„Некој во УЕФА си поигра со нашиот клуб. Одредија да ги играме натпреварите во работно време, или при крајот на истото, па ќе биде невозможно да ги следиме мечевите во Европа Лигата. Чудно за куќа што треба пред се да се грижи за интересите на клубовите“, реагираат навивачите на Виторија на форумите и на социјалните мрежи.

Дел од нив веројатно ќе треба да ескивираат од работа, или барем да си заминат неколку часа порано за да можат да ги следат натптреварите против Ајнтрахт на 2. октомври, потоа и со Арсенал на 6. ноември и со Стандард на 27. ноември во трамките на Ф групата.

УЕФА има правило кое не дозволува екипи од иста земја да играат во ист ден и во ист термин, ако градовите им се оддалечени на помалку од 50 километри. Во Европа Лигата ќе настапат и Порто и Брага кои се блиску до Гимареш, но УЕФА за нив не одреди ниту еден термин за настап од 16.50 часот во среда, туку одлучи сите три меча на Виторија да се играат во тоа време.

„Се знае зошто е така. Порто е двоен европски првак и има привилегии, а Брага е постојан учесник во Европа Лигата, или Лигата на шампионите. Затоа веројатно УЕФА одлучи ние да настрадаме“, се вели во дел од многуте коментари на навивачите на Виторија Гимареш.

 

- Оглас -

Најнови вести