Унгарија не смее да киксне со Јапонија, Хрватска на поправен против Австралија

Србија синоќа го доби дербито против Хрватска со 11:10 и на тој начин практично го обезбеди првото место во групата Б од Светската лига во ватерполо. Во третото коло, Србија е апсолутен фаворит против Казахстан и прашање е само со колку разлика ќе победат. Хрватска игра против Австралија, меч кој треба да го даде второпласираниот во групата, пред стартот на четврт-финалната разврска.

Во групата А, ситуацијата е многу поинтересна, а Шпанија е во пол-позиција. Црвената фурија вчера загуби на пенали од Унгарија, но освои бод кој ја задржа на првото место, кое треба да го потврди по мечот со Канада. Унгарија, која моментно е на последното место во групата А, е голем фаворит против Јапонија и со евентуален триумф, ќе стигне до второто место во групата.

Сите четири меча од Светската лига во ватерполо ги има на понудата на Sport Life, каде што може да се направат интересни комбинации играјќи на вкупно погодоци или победа со хендикеп.

Саатница на денешните мечеви: Хрватска – Австралија 15 ч., Унгарија – Јапонија 16:45 ч., Канада – Шпанија 19:15 ч., Казахстан – Србија 21 ч.

 

- Оглас -

Најнови вести