Амбициозниот ГРК Охрид од следната сезона во своите редови ќе го има унгарскиот репрезентативен десен бек Доминик Мате, кој неодамна се раздели со норвешки Елверум.
Овој 27-годишен ракометар висок 201 сантметар, има четири сезони зад себе во Лигата на шампионите, а од 2022 до 2024 беше во Пари Сен Жермен. Своето деби за унгарската репрезентација го имаше на Светското првенство во 2019 година како деветнаесетгодишник.
Мате ќе биде големо засилување на позицијата на која Гладијаторите во моментов ги имаат Јагуриновски и Савревски.

