Унион Берлин го отпиша Италијанецот, па навивачите на Рома започнаа протести

Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи само по една полусезона си оди од Унион Берлин и ќе се врати во татковината. Интерес за неговиот потпис има од екипата на Рома, која има голем проблем со повредените стопери, па решението го гледа токму во Бонучи.

Сепак, на навивачите на Рома не им се допадна идејата поранешниот фудбалер на Јувентус да го облече нивниот дрес. Тие веќе и јавно го искажуваат своето незадоволство и предупредуваат дека Бонучи не треба да биде ангажиран.

Дел од коментарите кои може да се прочитаат на социјалните мрежи се: „Не се осмелувај да дојдеш во Рома“, „Не сакаме потрошен играч кој го отелотворува духот на Јувентус за победа по секоја цена, со мамење и крадење“, „Не сакаме старец склон на повреди и киксеви“, „Ако Рома мисли дека ќе ги реши проблемите со стариот и отпишан киксер, тогаш имаме големи проблеми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести