„Уништен“ тенкот на Делиите пред стадионот на Црвена ѕвезда

Навивачите на Црвена ѕвезда кон крајот на август, пред Северната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ поставија тенк, како симбол за борба и да нема предавање на ниту еден меч. Контроверзниот тенк беше поставен непосредно пред реванш против Јанг Бојс во рамките од Лигата на шампиони.

Два месеци тенкот веќе е симбол пред трибината, но вчера навивачите на Рад решија да го „уништат“. Рад синоќа гостуваше кај Ѕвезда, а на својата фејсбук страна постави интересна анимација, како го уништуваат тенкот пред трибината на „Делиите“.

Иако гостите се силеа дека тенкот ќе биде уништен, на крајот, не само што тенкот си остана недопрен, туку Рад и загуби од шампионот со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести