Упорниот Робен се врати на терен после половина година пауза

Арјен Робен ги одигра последните 15-тина минути од мечот на кој неговиот Гронинген загуби дома од Херенвен со 0-2 во локалното дерби помеѓу два тима од северниот дел на Холандија. Робен кој низ целата богата кариера во Челзи, Реал и Баерн, се мачи со повреди, се врати и од пензија, но неговата желба за играње фудбал е огромна, а тоа го потврдува и сезонава, иако има само три настапи.

Ветеранот немаше играно уште од 18-ти октомври наваму. Во февруари тој изјави дека не е сигурен дека повторно ќе заигра, но ете и тоа се случи попладнево. Во финишот на мечот, тој имаше шанса за гол, но малку не погоди.

- Оглас -

Најнови вести