Управата на Барселона го изигра Сетјен: Мислев дека ќе купиме напаѓач…

Барселона имаше една задача во јануарскиот преоден рок – Да доведе адекватна замена за повредениот Луис Суарес за кого заврши сезоната. Сепак, шпанскиот првак имаше неколку неуспешни обиди, почнувајќи од Родриго Морено од Валенсија, Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, па сè шпекулацијата која изненади и интересот за Седрик Бакамбу, поранешен голгетер на Вилјареал кој моментално игра во кинеската Суперлига.

Во меѓувреме „Камп ноу“ го напушти младиот офанзивец Карлес Перес, „производот“ фудбалската школа на Барса кој во првиот дел од сезоната доби прилика да настапи за првиот тим. Тој замина во Рома каде што по крајот на сезоната Волчицата ќе го откупи. Тренерот Кике Сетјен се согласил на оваа продажба бидејќи сметал дека управата ќе доведе напаѓач, но според неговата изјава може да се каже дека е изигран.

„Мислев дека ќе купиме напаѓач, затоа и се согласив да го продадеме Перес. Помислив дека не ќе можам да му овозможам минутажа доколку купиме нова „деветка“, истакна Сетјен.

Каталонците во меѓувреме ангажираа голгетер, но Франциско Тринкао дури во јули ќе ја задолжи опремата на актуелниот шампион. Барселона за талентираниот офанзивец искешира 31 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести