Новиот талент на Каталонците има клаулуза од 500 милиони евра

Барселона постигна договор со Брага околу услугите на Франциско Тринкао за сума од 31 милион евра. Младиот португалски офанзивец на 1 јули ќе пристигне на „Камп ноу“, каде што го чека петгодишен договор на кој Каталонците додадоа енормна клаузула од 500 милиони евра.

Тринкао оваа сезона се истакна во првиот тим на Брага и запиша 22 настапи, на кои реализира три гола, односно намести шест во сите натпреварувања. Вниманието на фудбалските великани го привлече со одличните партии за младинските селекции на Португалија.

Тринкао ги помина сите младински категории, а беше дел од У19 селекцијата која го освои младинското ЕП во 2018 година. Додека го чека повикот за сениорската репрезентација на Португалија, Тринкао постепено се развива во фудбалер за кого сметаат дека може да биде наследник на Фиго или пак Кристијано Роналдо, а потврда за тоа е високиот пласман на листата најдобри млади играчи во Европа за 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести