Управниот одбор донесе одлука: Милевски останува селектор

Благоја Милевски останува селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, одлучи Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница.

И покрај големиот притисок од јавноста и навивачите, УО на ФФМ одлучи Милевски да остане на селекторското столче и да ги одработи квалификациите за ЕП 2024.

Медиумите во Македонија и во соседните земји пишуваа дека ФФМ му бара замена на Милевски, дека се водени преговори со Црногорецот Божовиќ. Во последните денови се споменуваше и името на екстренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, но на крајот не успеаја да најдат заеднички јазик и ФФМ одлучи Милевски да ги одработи квалификациите до крајот.

Македонија досега во квалификациите за ЕП 2024 одигра три натпревари, ја совлада Малта со 2:1, но потоа во јуни доживеа два болни порази. Прво од Украина во Скопје загуби со 2:3, иако имаше водство од 2:0, а потоа во Манчестер го претрпе најголемиот пораз во историјата, губејќи со 7:0 од Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести