Роберт Левандовски го урна 49-годишниот рекорд на Герд Милер со 41 погодок во една сезона во Бундеслигата, а неколку часа подоцна официјално се урна уште еден рекорд на германската икона на фудбалот.
Имено, по завршувањето на последното коло во Ла Лига по кое Атлетико ја освои титулата, Лионел Меси се потврди најдобар стрелец во Шпанија со 30 погодоци.
По осми пат Лео ја освојува наградата за најдобар стрелец во лигата и е апсолутен рекордер во оваа категорија. Меси денес не настапи за Барселона на гостувањето кај Еибар, во кое Каталонците славеа со минимални 1-0, а и немаше потреба бидејќи Бензема заостана седум гола за капитенот на гигантот од „Камп ноу“.
Досега со седум награди за најдобар стрелец беше само Герд Милер во неговите славни денови во дресот на Баерн.
https://twitter.com/BarcaStat/status/1396162686321373187