Моментот за историја по кој цела Германија му се поклони на Левандовски (видео)

Не му беше денот на Роберт Левандовски против Аугсбург, сè до последната 90-та минута во мечот од последното коло во Бундеслигата. Баерн веќе ја имаше осигурано победата, но се чекаше моментот за историја по кој ќе падне 49-годишниот рекорд на Герд Милер.

Голманот на гостите, Рафал Гикиевич, не му дозволуваше на сонародникот да стане првиот играч кој постигнал повеќе од 40 гола во една сезона во германското првенство, но во финишот од мечот неговата одбрана при шутот на Сане не беше доволна, по што Левандовски ја искористи одбиената топка и ги постави конечните 5-2.

Тој гол му беше 41-ви на полскиот бомбардер, а штом рекордот на Милер се урна, цела Германија за момент замолче и му се поклони на напаѓачот на Баерн. За малку и заканите кои доаѓаа од Аугсбург ќе се оствареа, но Лева им пресуди.

Инаку, Левандовски е првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој бил најдобар стрелец во четири последователни сезони.

- Оглас -

Најнови вести