Урнебесно, судијата Винчиќ се лизна, па се извинуваше пред целиот стадион (Видео)

Баерн Минхен на убедлив начин обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите победувајќи го Лацио со убедливи 3:0 во реваншот на „Алијанц арената“, а за момент славата на Баварците им ја украде судијата Славко Винчиќ.

Словенечкиот судија немаше премногу работа, покажа само три жолти картони, и тоа на играчите на Лацио во финишот, но во еден момент мораше да им се извини на сите навивачи на „Алијанц арената“.

Имено, додека ја следеше акцијата на играчите на Баерн Минхен, тој се сопна на 20-тина метри од голот на Лацио и несакајќи ја „пресече“ топката која Милер ја упати кон Павловиќ.

Падот на судијата Винчиќ може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести