14.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на Светското првенство во 2026 година

Репрезентациите на Уругвај, Колумбија и Парагвај се трите селекции кои од денеска имаат обезбедено место на Светското првенство кое ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико. По 17 кола во квалификациите во Јужна Америка, вкупно шест  селелции имаат сигурен пласман на Мундијалот. Претходно сигурни беа и Аргентина, Бразил и Еквадор. сега останува само борбата за седмото место во групата кое води во баражот за пласман на планетарниот собир.

Бразил под водство на селекторот Карло Анчелоти игра одлично. Кариоките со 3:0 го победија Чиле благодарение на головите на Естевао, Лукас Пакета и Бруно Гимараеш. Ова е трет меч за Анчелоти како селектор на Бразил и важно е тоа дека неговите избраници уште немаат примено ниту еден гол.

Со 3:0 победи и Уругвај над Перу и тоа беше доволно за некогашниот двократен светски првак да биде сигурен на завршницата на следниот Мундијал. Во стил, со триумф од 3:0 и Колумбија пред своите навивачи се израдува на победа и заверување на пласманот на СП 2026. Со 3:0 победи и Аргентина против Венецуела, а единствено голови немаше на дуелот Парагвај – Еквадор.

 

- Оглас -

Најнови вести