Уругвај во шок: „Лудакот“ повика играч од аматерска лига во репрезентацијата

Селекторот на репрезентација на Уругвај, Марсело Биелса, уште еднаш го оправда својот прекар, „лудак“, откако за пријателските натпревари против Костарика и Мексико повика фудбалер од аматерската лига на Уругвај.

Се работи за 24-годишниот Валтер Домингес, фудбалер за кого веројатно никој во Уругвај нема слушнато. Целата фудбалска јавност во Уругвај се чуди со потегот на „лудакот“, кој веројатно како главна причина за повикот ја има статистиката, а таа вели дека Домингес постигнал 38 гола на 19 натпревари, но сепак се работи за аматерска лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести