Уругвајци ја прекинаа црната серија на тимот од Барселона (ФОТО)

Еспањол осум натпревари по ред чекаше за победа и таа ја дочека против Гетафе. Тимот од Барселона славеше со 2:0 во меч од 27-то коло од Ла Лига.

Интересно е што победата на домаќините дојде благодарение на уругвајски фудбалери. Најпрвин во 17-та минута домаќините поведоа со голот на Леандро Кабрера, додека 10 минути подоцна со автоголот на Ерик Кабако, беше потврдена победата на Еспањол.

Со оваа победа, Еспањол стигна до бројката од 32 бодови со што е на 12-то место во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести