Уште една ѕвезда е пред трансфер во Саудиска Арабија

Заминувањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија како да направи лавина, па во летниот преоден рок се очекува голем број докажани фудбалски ѕвезди да потпишат со клубови од оваа земја.

Прв на листата е Карим Бензема, за кого се верува дека е нов фудбалер на шампионот Ал-Итихад. Шпекулациите се дека уште неколку играчи се на пат кон Саудиска Арабија, а еден од нив е и Пјер-Емерик Обамејанг.

Фудбалерот на Челзи има договор според кој треба да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2024 година, но многу веројатно е дека летово го чека трансфер во Саудиска Арабија. Ал-Шабаб е клубот кој го има пикирано Обамејанг, па нема да биде чудо ако и овој клуб добие голгетерска ѕвезда за да му парира на Роналдо и Бензема.

 

- Оглас -

Најнови вести