Уште му се смеат – Кејн вечер ќе игра против својот фаворит за светската титула што не се пласираше на Мундијалот во Катар

Се уште е хит изјавата на Хари Кејн дека меѓу главните фаворити за титулата светски првак во Катар е и Италија, селеккција која воопшто и не се пласираше на Мундијалот, а за тоа најзаслужна е Македонија.

Ги елиминиравме со победа од 1:0 во Палермо во март, во полуфиналниот бараж за настап на Светското првенство, но Кејн барем според изјавата изгледа дека воопшто не го гледал мечот и не знае за сензационалната победа на Македонија.

„Има неколку врвни европски репрезентации како Германија, Франција, Шпанија и Италија кои ќе бидат меѓу фаворитите за титулата во Катар“, изјави Кејн.

Вечерва тој ќе го предводи нападот на Англија токму против Аѕурите, а сеирот за него и за еден од неговите фаворити за светската круна, Италија, продолжија на социјалните мрежи.

„Кејн може вечер да му даде гол на својот фаворит и иден светски првак. Само напред Хари“, е еден од шеговитите коментари на социјалните мрежи.

Од 20.45 часот на „Молињу“ во Вулверхемптон, Англија вечерва ќе и биде домаќин на Италија во меч од третото коло во третата група во А сегментот во Лигата на Нации.

 

- Оглас -

Најнови вести