Уште на мерењето на Руиз и Џошуа се случи шок (Видео)

Ентони Џошуа и Енди Руиз утревечер во Саудиска Арабија ќе ги вкрстат ракавиците во борба за светската боксерска титула во тешка категорија, во четири верзии. Денеска беше официјалното мерење на тежината на двата боксери, а присутните останаа збунети од килажата на Џошуа и Руиз.

Светскиот првак Руиз е тежок 128,6 килограми, што е дури седум килограми повеќе од тоа што имаше на првиот меч против Џошуа, кога Енди стигна до тронот.

Ако за Руиз е чудно што толку многу се здебелил, Џошуа го има направено токму спротивното. Ентони е послаб од било кога претходно. Мерењето покажа дека тој е тежок 107,5 килограми, односно речиси пет килограми помалку од тоа што тежеше на првиот меч против Руиз, кога изненадувачки ја загуби титулата.

Според мерењето, Џошуа е дури 21 килограми полесен од Руиз, но сепак ја има фаворитската улога, а во Sport Life има можност да се игра и на нерешено, за што коефициентот е дури 35.

 

- Оглас -

Најнови вести