Англичаните уште не почнале, а веќе стравуваат од титулата на Ливерпул

Премиер лигата го планира рестартот на првенството за 8 јуни, а завесата во најквалитетната лига треба да се спушти на 27 јули, но уште непочнато англиското првенство им задава многу проблеми на припадниците задолжени за јавниот ред и мир.

Полицијата стравува од прославата на титулата на речиси сигурниот нов првак на Англија, Ливерпул, ако сезоната се доигра.

Навивачите на популарните Редс сигурно ќе излезат масовно на улиците на градот бидејќи чекаат титула скоро 3 децении, а тоа е опасно за здравјето на луѓето во услови кога светот сè уште нема вакцина за Ковид-19.

Ливерпул е на прагот на освојување на првата шампионска круна откако е формирана Премиер лигата, а нивните симпатизери ја чекаат вкупно 19-тата англиска круна од сезоната 1989/90.

Масовна прослава е неизбежна на улиците на градот, кои сигурно ќе бидат обоени во црвените симболи на легендарниот клуб.

Ливерпул со 25 бода предност на 9 кола до крајот на сезоната речиси и да не може да ја утне титулата. Им требаат две победи до крајот за да го преземат тронот од Манчестер сити, кој е зад нив на табелата со 10 меча за доигрување, но и со цели 25 бода заостанување зад лидерот.

- Оглас -

Најнови вести