Уште не потпишал, а навивачите на Милан веќе се против Пиоли

Откако се објави дека во текот на денешниот ден Милан и официјално ќе се раздели со тренерот Марко Џампаоло, и ќе го наименува Стефано Пиоли за нов шеф на стручниот штаб, фановите на „росонерите“ веќе реагираа по социјалните мрежи, и тоа негативно.

Многу навивачи на Милан се разочарани од изборот, и на Звонимир Бобан и Паоло Малдини им порачуваат да престанат да си играат со реномето на клубот, и конечно да постават големо тренерско име, а не „половни стручњаци“ како Џампаоло и Пиоли.

Се очекува 53-годишниот Пиоли кој ги има водено Парма, Киево, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина, да добие двегодишен договор вреден 3 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести