Уште ова му требаше на Клоп: Салах позитивен на ковид-19

Мохамед Салах е позитивен на ковид-19, потврдија од фудбалската федерација на Египет по добиените резултати од денешното тестирање. Ова е нова мака за Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, кој во периодов има главоболки од бројни повреди во своите редови.

Салах за време на репрезентативната пауза се приклучи на селекцијата на Египет за дуелите против Того во квалификациите за Африканскиот Куп, меѓутоа ќе мора да го пропушти двомечот откако од Англија допатувал заразен со корона-вирусот.

Останува да се види дали Салах ќе ја помине самоизолацијата во татковината, која сигурно ќе трае најмалку десетина дена. Според тоа, речиси дефинитивно популарниот Фараон нема да му биде на располагање на Клоп во следното коло во Премиер лигата, во кое актуелниот првак Ливерпул го дочекува моменталниот лидер во шампионатот, тимот на Лестер.

- Оглас -

Најнови вести