Алавес минимално со 1:0 ја победи Сарагоса, во меч од Сегунда дивисион во Шпанија, а погодокот кој донесе три бода за домаќините беше вистинска мајсторија. Се играше 62 минута кога беше досуден слободен удар за Алавес и тоа на околу 30 метри од противничкиот гол.
Џејсон Ремесеиро реши да шутира директно во голот и не згреши. Фудбалерот на Алавес постигна еврогол погодувајќи во самиот агол од голот.