Уште само пет победи и Сити ќе постави нов светски рекорд

Манчестер сити со триумфот над Вест хем од 2-1 претходно денес ја оствари 20-тата победа во низа во сите натпреварувања, подобрувајќи го сопствениот рекорд од меч во меч. Сепак, на Граѓаните им се потребни уште само пет победи за да бидат апсолутни светски рекордери.

Имено, рекордот за најмногу последователни победи (24) во сите конкуренции го држи бразилскиот клуб Коритиба, поставен во периодот од 3 февруари до 5 мај 2011 година.

Во четири од наредните пет меча, Сити ќе биде домаќин против Вулверхемптон, Манчестер јунајтед, Саутхемптон и Менхнегладбах во ЛШ, додека гостувањето е кај Фулам на 13 март. Во овие пет дуели тимот на Пеп Гвардиола ќе направи јуриш кон рекордот на Коритиба и со тоа ќе може да биде прогласен за еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести