Вест хем се обиде, но не успеа да им застане на патот на Граѓаните: 20-та победа во низа за Сити (видео)

Манчестер сити не делуваше доминантно како во претходните 19 победи, меѓутоа резултатот од 2-1 против Вест хем беше доволен за да се оствари 20-тата последователна победа во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардила, кој патем стигна до 500-тата менаџерска победа во кариерата, односно 200-та како предводник на гигантот од Манчестер.

Чеканите во поголемиот дел од средбата на „Етихад“ беа достојни противници, дури може да изненадат во првото полувреме. Сепак, во моменти кога не функционираше нападот на домаќините, проработе дефанзивното дуо Дијаш – Стоунс, кои погодуваа за освојување на трите бода.

Дијаш заби со глава по одличната асистенција на Де Бројне во 30-тата минута, по што Антонио пред паузата успеа да израмни за Вест хем. По долго притискање за нов водечки погодок, Граѓаните направија опсада пред голот на Рендолф, па така Стоунс го најде патот до мрежата во 68-та минута.

Сити се зацврсти на врвот на табелата со 62 бода, 13 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед, додека Вест хем остана на четвртото место со 45 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7zln7x

- Оглас -

Најнови вести