Успешен старт на подготовките на подмладената Македонија

Ракометната селекција на Македонија успешно ги стартуваше подготовките за ЕП 2020, со конечни 27:24 ја надиграа репрезентацијата на Кувајт. Во првиот контролен натпревар од вкупно двата кои нашите ракометари треба да ги одиграат со Кувајт во Србија, избраниците на Данило Брестовац покажаа зрелост иако недостасуваа искусните репрезентативци.

Подмладениот состав ја презеде контролата уште од самиот почеток на средбата, па на паузата се замина со 14:9, а предноста ја задржаа до самиот крај.

Утре ќе се игра вториот меч против Кувајт, а потоа нашата селекција ќе отпатува за Романија, каде што ќе настапи на турнирот „Трофеј Карпати“ и ќе ги одмери силите со Алжир во полуфиналето, односно Холандија или Романија во евентуалното финале.

- Оглас -

Најнови вести