Успешно ја апсолвиравме Лигата на Европа, кој одигра на добивка, се радува

Сите четири натпревари на нашите вчерашни предлог-типови на Типстерските совети се погодени и кој одигра на добивка, се радува.

Долго во ноќта се очекуваше и тенискиот меч меѓу Танаси Кокинакис и Рафаел Надал за предложениот тикет со коефициент од 69,18 да биде комплетен, но Австралиецот го предаде мечот, па без тој пар коефициентот изнесува 24.88. Воопшто не е лошо за добитен тикет, а до него дојдовме со точно погодени типови на дуелите меѓу Молде и Партизан, Зорја и Еспањол, Ајнтрахт и Стразбур и Вулверхемптон против Торино.

Партизан со гол во 80-тата минута израмни на 1:1 во Норвешка и се пласира во Лигата на Европа, а патем и означи одличен старт на предложениот тикет на страниците на „Спортманија“. Одигравме тип Х2&2+ со одличен коефициент од 2.40 во обложувалниците на Sport Life.

Од Супер типот на Sport Life го искористивме парот Зорја – Еспањол, а тука одигравме ГГ&3+, повторно со коефициент 2.40. По малку повеќе од еден час, двете екипи се погрижија за да биде погоден.

Потоа следуваше преселба на „Комерцбанк арената“ во Франкфурт, каде што Ајнтрахт комплетно му се реваншираше на Стразбур за поразот на првиот меч со 0:1, славеше со 3:0, таман за да излезе и третиот пар од нашиот тикет, и повторно симболично со коефициент 2.40.

Од фудбалските натпревари, ни остана само уште реванш-дуелот на „Молињу“, каде што Вулверхемптон и Торино одиграа 2:1, доволно за да го погодиме типот ГГ со коефициент 1.80.

Последна двојка на предложениот тикет беше дуелот на тенискиот гренд слем во Њујорк меѓу Танаси Кокинакис и Рафаел Надал, типуван со комбинација победа на Шпанецот и повеќе од 10.5 гемови во првиот сет.

Австралискиот тенисер поради повреда на рамото, го предаде мечот, но и без тој пар, тикетот е добитен со солиден коефициент од 24.88, или за уплатени 100 денари со добивка од 2.490 денари.

Следете ги нашите предлог-типови од Типстерските совети и Полноќниот експрес, што се секојдневни содржини на „Спортманија“, забавувајте се и обложувајте се за супер добивки во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести