Утре се игра дерби Интер-Милан, навивачите ќе ги бодрат своите од дома

Градските ривали од Милано, фудбалските клубови Интер и Милан, утре од 12.30 часот ќе се сретнат еден против друг во првото виртуелно дерби. Фановите на двата тима не се во можност да одат на стадион и да ги бодрат своите миленици, но утре на некој начин може да искажат дел од емоциите кои ги носат вистинските фудбалски средби.

Португалецот Рафаел Леао од Росонерите и 17-годишниот талент на Нераѕурите, Себастијано Еспозито, ќе играат еден против друг на видеоиграта Про Еволушн Сокер, позната како ПЕС.

Мечот почнува во 12.30 часот и ќе биде пренесуван во живо на спортскиот стрим сајт DAZN, како и на официјалните сајтови на двата клуба.

„Ова е дерби, секогаш има желба за победа. Но, основната цел е да сме блиску до навивачите во овие тешки времиња”, рече Леао.

За време на мечот, фановите може да донираат средства за миланскиот фонд за борба со Коронавирусот. Ќе има и коментатор, а познатата спортска новинарка Дилета Леота ќе биде водителка и ќе прави интервјуа со двајцата играчи по мечот.

- Оглас -

Најнови вести