Страшни вести ни доаѓаат од Русија. На поранешниот олимписки шампион, Роман Костомаров откако претходно му беа ампутирани стапалата на двете нозе, сега му се ампутирани и рацете.
Веста за тешката здравствена состојба на 46-годишниот олимписки, светски и европски шампион во уметничко лизгање, кој моментно се бори за својот живот, ја потврдија сите релевантни руски медиуми.
Костомаров беше примен во болница поради пневмонија, односно тешко воспаление на белите дробови, а лекарите му ги ампутираа прво двете стапала поради страв од сепса и проблеми со циркулацијата на крвта. Но, за жал, неизбежна беше и ампутацијата на рацете.
"Match TV": figure skater Kostomarov amputated both hands #Gazeta #Russia #russianews #russiannews https://t.co/0Pw3LKEov0https://t.co/0Pw3LKEov0
— AliaVera (@AliaVeraNews) February 14, 2023
– Ткивото во неговите стапала најпрво „умре“ поради нарушување на циркулацијата, а сега му се ампутирани двете раце за да се спречи ширење на бактерии и откажување на други делови“, зборовите на руските лекари ги пренесе и телевизијата Јуроспорт.
Близок пријател на семејството на олимпискиот шампион откри дека едната рака му била ампутирана уште минатата недела.
„Првата ампутација на раката беше направена минатата недела, а втората докторите ја одложија за почетокот на оваа недела“, изјави неименуваниот соговорник за „Правда“.