В среда ќе се знае дали Благоја Милевски останува селектор

По поразите од Украина (2-3 во домашен меч на кој на полувреме водевме 2-0) и Англија (резултатот од 0-7 е неславен рекорд во историјата на македонскиот тим), реакциите во јавноста беа крајно негативни и бараа оставки во фудбалската репрезентација на Македонија, најмногу од селекторот Благоја Милевски.

Милевски по „лото“ поразот од Манчестер порача дека нема намера да се повлече од селекторското место, со што уште повеќе го навлече гневот.

В среда (12 јули) треба да се одржи состанок на Управниот одбор на Фудбалската федерација, на кој ќе се разгледува извештајот на селекторот и таму ќе треба да се одлучи дали селекторот ќе биде сменет или ќе добие доверба да продолжи со работа како предводник на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести