Вајналдум е ѕвезда на вечерта, Мане го стигна Џерард (Видео)

Холанѓанецот Џорџинио Вајналдум до вечерва немаше постигнато гол во дресот на Пари Сен Жермен, а на гостувањето во Лајпциг за едно полувреме даде два гола. Тој заедно со Џиџи Донарума, кој одбрани пенал при 1-0 за Лајпциг, се најзаслужни за водството на францускиот тим по првото полувреме од 2-1.

Интересно е и во Ливерпул, каде што домашните против Атлетико имаат предност од 2-0 и еден играч плус по исклучувањето на Фелипе. Двоен асистент беше Трент Александер Арнолд, а Садио Мане стигна до бројка од 21 гол во ЛШ во дресот на Ливерпул, со што се изедначи со славниот Стивен Џерард на вечната клупска листа.

Гол по првите 45 минути на мечевите од 21 часот нема само на дуелот на Шериф и Интер. Нашиот Бобан Николов е повреден и не е во составот на Молдавците. Борусија Дортмунд и со човек помалку поведе против Ајакс, а изненадување се нерешените 1-1 на мечот Манчестер сити – Бриж.

Ова е вториот гол на Вајналдум, за погодокот имаше и детална проверка во ВАР-собата:

https://twitter.com/i/status/1455999701237571591

- Оглас -

Најнови вести