Вака се спасува загубена топка со гол што се гледа еднаш во неколку години (Видео)

Тијаго Банега со неверојатен гол што ретко се гледа на фудбалските терени му донесе победа на Патронато и пехар во Купот на Аргентина.

Во финалето против Талерес, 23-годишниот играч за врска во обид да спаси загубена топка се фрли со лизгачки старт и од него топката по ударот на играч на ривалот се одби директно во голот.

Голманот на Талерес беше излезен на петерецот и ударот го изненади, а топката заврши зад неговиот грб.

Гол што изгледа фантастично и се гледа еднаш во неколку години.

Talleres 0 – [1] Patronato – Tiago Banega GREAT GOAL 78′ from soccer

- Оглас -

Најнови вести