Неверојатен напад се случи на еден атлетски натпревар на Флорида, кога тркачот кој водеше на патеката на 1.600 метри неочекувано беше брутално нападнат.
Dude? pic.twitter.com/8AocHd1Yha
— Jomboy Media (@JomboyMedia) March 30, 2022
Според изјавите на сведоците, напаѓачот стоел покрај патеката и тој воопшто не бил дел од таа трка. Претпоставките се дека водечкиот атлетичар во претходниот круг го турнал атлетичарот кој стоела на патеката.
Атлетичарот кој не бил дел од трката, останал покрај патеката и чекал следниот круг повторно да му се доближи тркачот за да му се одмазди. Од зад грб, брутално со неколку удари во главата буквално го нокаутира. Повредениот тркач остана на патеката да лежи, а не се знае дали напаѓачот ќе добие полициска пријава за овој несфатлив напад.