Ваков ВАР систем не сте виделе – Кривата линијата во Истанбул не оштети никого, но стана голем хит (Фото)

ВАР системот во Турција комплетно потфрли на дерби мечот меѓу Фенербахче и Аланијаспор, а моментот од 20. минута во првото полувреме е хит на социјалните мрежи.

Линијата според која се утврдуваше дали Маме Тијам е во офсајд или не  е крива. За рубриката „Верувале, или не“, но се случи во Истанбул и тоа на дербито од 17. коло во Суперлигата на Турција што Фенербахче го доби со 2:1 против Аланијаспор.

https://twitter.com/gkn62548827/status/1347224773668040704?s=20

Во овој случај за среќа никој не беше оштетен, бидејќи е јасно од ситуацијата на теренот дека Тијам е во офсајд, па се мина без последици за двете екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести