Ваква луда завршница во ракометот каде пеналите ќе решаваат ретко се случуваат

Ракометарите на Магдебург се пласираа на фајнл-форот во Лигата на шампиони во Келн каде ќе треба да ја бранат титулата освоена минатата година. Во неверојатен четвртфиналето двомеч, Магдебург дури по подобро изведување на пенали беше подобар од Кјелце.

Во регуларните 60 минути германскиот тим победи со 23:22, а ако се знае дека во Полска беше 27:26 за Кјелце беше јасно дека ќе мора да се изведуваат пенали за да дознае патникот меѓу четирите најдобри.

Во пенал-рулетот ракометарите на Магдебург беа подобри со 4:3 и тоа беше доволно да одат понатаму. Интересно е дека Магдебург и Кјелце минатата сезона играа во финалето на Лигата на шампиони, каде првакот беше решен дури по продолженија кога Магдебург победи со 30:29.

Место на фајнл-форот обезбеди и дански Алборг откако во реваншот го победи Веспрем со 33:28. Оваа победа од пет разлика беше доволно да се анулира негативата од 32:31 што ја имаше Алборг по првиот дуел.

Последните два патници на фајнл-форот ќе бидат познати по реваншите меѓу Монпелје и Кил (39:30 по првиот меч за Монпелје), како и по реваншот меѓу Барселона и ПСЖ (каталонците победија со 30:22 на првата пресметка).

- Оглас -

Најнови вести