Чудна НХЛ-сезона – Канаѓаните ќе ја видат Америка дури во јули

Канаѓаните нема да ја видат Америка до стартот на плејофот во НХЛ-лигата и тоа е првпат во историјата на најсилната хокеарска лига да нема дуели на екипи од двете земји во регуларен дел од сезоната.

Поради пандемијата со ковид-19, пред стартот на сезоната беше формирана Северна дивизија во која се само канадските тимови, а ги има вкупно 7.

Тие ќе играат само меѓу себе по 9 или 10 пати, зависно од распоредот, па најдобрите четири ќе обезбедат место во плејфот во скратениот циклус од 56 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Дури во доигрувањето за титулата што треба да почне во јули ќе има дуели меѓу канадски и екипи што се од САД.

Плејофот ќе го играат најдобрите четири екипи од Централната, Западната, Источната и Северната дивизија, која е исклучиво канадска.

Планот е на овој начин да се одигра една од најчудните сезони во НХЛ, прва во која во регуларен дел од сезона нема да има дуели меѓу клубови од двете земји.

 

- Оглас -

Најнови вести