Ваква серија не се пропушта, во Италија денеска играат мераклиите за Гол-Гол

Фиорентина и Сампдорија ќе означат старт на третото коло во Серија А во Италија со меч денеска од 20.45 часот, а премиерата не можеше да биде подобра за обложувачите.

На последните 10 меѓусебни дуели на двата реномирани калчолигаши имаше голови во двете мрежи, или популарната игра Гол-Гол.

Лани Фиорентина беше апсолутно подобра и ги доби двата меча, славеше дома со 2:1 и на гостински терен во контроверзен меч со 5:1.

На тој дуел имаше две исклучувања, по едно во двете екипи, а гостите лесно ја разрешија дилемата околу победникот со три гола во првото полувреме.

И на останатите нивни мечеви во последно време е ефикасно, па имаше резултати од 3:3, 3:2, 2:2, или комплетна десетка со погодоци во двете мрежи на дуелите од 2016 година наваму.

Стартот во новата сезона им беше скромен со голови, Фиорентина победи со 1:0 против Торино, а Сампдорија очекувано загуби од шампионот Јувентус со 3:0 во Торино, но тоа беше само загревање за две ефикасни екипи.

Веќе во втората рунда и двете екипи се распукаа, но и загубија од Интер, односно од Беневенто. Фиорентина прокоцка предност од 3:2 во Милано и со два примени гола во самиот финиш загуби од Интер, додека Сампдорија беше изненадена од Беневенто со пораз дома од 2:3, иако имаше водство од 2:0.

И денеска нема да има калкулации, па се очекува и по 11-ти пат да биде ефикасно на нивните меѓусебни дуели, а коефициентот за играта Гол-Гол во Sport Life e 1.78.

 

- Оглас -

Најнови вести