Вакво нешто никогаш немало во историјата на СП: Иранците ја исвиркаа сопствената химна (Видео)

Пред почетокот на Светското првенство имаше шпекулации дека Иран може да биде исфрлен од Мундијалот во Катар, но тоа не се случи и тие се дел од најдобрите. Сепак, дека нешто не е како што треба во оваа репрезентација, се покажа уште пред почетокот на дуелот со Англија.

Во моментите кога започна интонирањето на иранската химна, од трибините на стадионот започнаа свирежи, и тоа од навивачите на Иран. Фановите со тоа сакаа да изразат негодување поради репресијата и полициското насилство над жените во таа земја. Освен свирежите од навивачите, бојкот покажаа и фудбалерите кои решија воопшто да не ја пејат својата химна.

Целиот проблем започна со бруталното убиство на 22-годишната Маша Амини, која со живот плати затоа што неправилно го носела хиџабот. По тоа убиство, започнаа жестоки протести по улиците, а полицијата брутално се обиде да ги задуши сите јавни собири.

Досега во 92-годишната историја на Мундијалите никогаш не се случило химната да биде исвиркана од сопствените навивачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести